Со цел овозможување поголемо учество и опфат на невработените лица во „Програмата за самовработување“, Агенцијата за вработување на РМ на 4.02.2025 година објави Јавен оглас за невработени лица. На огласот можат да се јават сите евидентирани невработени лица, и тоа оние кои се над 1 година евидентирани во АВРМ.
Огласот трае најдоцна до 15.02.2025 година, а пријавувањето се врши во сите 30 регионални работни клубови при АВРМ.
По официјалното добивање на финансиската помош, сите услови и обврски се уредуваат со посебен договор склучен помеѓу невработеното лице, УНДП и АВРМ. За оваа година планирано е 1600 апликанти во Програмата да бидат вклучени во работилниците за развој на бизнис идеја, планирање и управување со бизнис.
Огласот се распишува врз основа на Опретивниот план за активните програми и мерки за вработување на 2013 година и Програмата за работа на Владата на РМ 2011 – 2015 година. Минатата година, во двата циклуси на објавените огласи, во јанури и мај 2012 година, за учество во „Програмата за самовработување“ се пријавија скоро 5000 кандидати.
Детални информации околу Јавниот оглас можат да се добијат во 30 –те работни клубови при АВРМ, на контакт телефонот 02-3298-297, како и на веб странита www.avrm.gov.mk.