Со цел запознавање на центрите за вработување при Агенцијата за вработување на Република Македонија за новините и содржината на владиниот „Оперативен план за активните програми и мерки за вработување за 2013 година“, како и информирање и усогласување на оперативните упатства за поефикасна и поуспешна реализација на истите, започна одржувањето на информативните регионални работилници.
По успешно одржаните први работилници во Скопје и Битола, во организација на МТСП, АВРМ и УНДП, во следните денови ќе се одржи и работилница во Струмица, наменета за центрите од Пробиштип, Св. Николе, Штип, Виница и Радовиш. Притоа, активно учество на настаните земаат и претставниците од инволвираните институции задолжени за успешна имплементација на програмите за вработување, и тоа од Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, 30 -те Центри при АВРМ, претставници од центрите за социјалана работа , претставници од Ромските информативни центри, како и координаторите за еднакви можности при локалните самоуправи.
По завржување на овој тип на работилници, се очекува масовно пријавување на сите заинтересирани невработени кандидати кои ќе бидат упатувани на информативни работилници за поуспешна подготовка пред пополнување на апликациониот прашалник и организирање на Работилници за развој на бизнис идеја, планирање и управување со бизнис.
Во рамките на Програмата „Самовработување“ , АВРМ на 04.02.2025 год. (понеделник) го објави огласот за пријавување на невработени лица кои имаат желба да започнат свој бизнис и да се стекнат со претприемачки вештини и успешно водење на бизнис.